| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ние сме народ и држава кои не сакаат расправии со соседите

gruevski i oravПремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на партиската трибина во Прилеп се осврна и на петтата препорака на Европската комисија Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Тоа според Груевски е доказ за посветеноста и за сработеното.

-ЕУ по петти пат даде препорака до Советот дека Македонија е подготвена да ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ. Препорака во која самата Европската комисија себе си се критикува дека во прашање може да биде доведен кредибилитет на Унијата со неотпочнувањето на преговорите со Македонија- додава Груевски, нагласувајќи дека препораката овојпат била насилна. Целта на Владата е земјата да биде подготвена и доколку е можно, да издејствува членство во ЕУ и НАТО.

– За само две години земјата ја подготвивме за членство во НАТО, а за три години за членство во ЕУ. И во двата случаи, поради нашиот јужен сосед кој не блокира и навредува тоа не се случи. Нема да ја постигнат целта. Таа се постигнува со човечко разбирање, дијалог, со разговор на сите нивоа. Но, во овој момент не сакаат да дојде до решение на спорот. Кога би сакале, може да ја сменат реториката и да се дојде до решение. Ние сме народ и држава кои не сакаат да имаат расправии со соседите. Ние сакаме да ги почитуваме нив, луѓето, да имаме нормално работење, размена, соработка, економија и заемна почит, а не блокади и уцени. Ние сме свесни дека решението еден ден ќе се постигне со компромис, но не оној кој ќе ни го цитира другата страна, зашто ние сме изградена држава нација со свое име и јазик, а тоа е македонски и Република Македонија- истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на партиската трибина во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top