| четврток, 6 декември 2018 |

Технологијата спасува животи: лани најмалку загинати во природни катастрофи (Видео)

stacks_image_5Бројот на загинати во поплави, земјотреси и други природни непогоди во 2012-тa е најмал во последните 10 години, соопшти Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во годишниот извештај се наведува дека лани во елементрани непогоди загинале 9.600 лица, што е за 90 проценти помалку од просечното ниво за последната деценија.
Најтешката природна катастрофа минатата година беше тајфунот Бофа, во која во декември на Филипините загинаа 1.900 лица. За споредба, брановите цунами во 2004 година во Индискиот Океан го однесоа животите на 226.000 лица.
И покрај намалувањето на бројот на жртви во текот на минатата година, во извештајот се забележува дека бројот на сиромашни, кои биле погодени од елементарни непогоди е зголемена.

Според извештајот, информативните технологии и социјалните мрежи го олесниле пристапот до масовните групи сиромашни луѓе, но предупредува на заблудата дека таквите инструменти можат да се искористат за пристап до сите социјални групи.
– Оние за кои има најмала веројатност дека имаат пристап до модерните технологии -сиромашните, необразованите, жените… се и најзагрозени од сиромаштијата, изјави генералниот секретар на организацијата, Бекеле Гелета.
Во 2012 година имало 6.050 жртви во незгоди предизвикани од човечка активност, што е исто така најмала бројка по 2003 година. Пожарот во пакистанската фабрика за облека во Карачи, во кој загинаа 240 лица, е еден од најсмртоносните инциденти предизвикани од чеовечкиот фактор во минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top