| четврток, 6 декември 2018 |

78-годишна Романка криела 8 илјади кутии цигари

tobacco35Романската полиција во домот на 78-годишна старица заплени 8.000 кутии шверцувани цигари во вкупна вредност од 20.000 долари. Полицијата во округот Сучава соопшти дека извршила претрес по добиениот повик дека жената се занимава со незаконска дејност.
При сослушувањето старицата воопшто не се вознемирила. Таа пред полицијата изјавила дека непознат маж ги донел цигарите за нејзиниот сопруг, кој пушел премногу и неодамна починал. Пронајдените цигари во домот на старицата биле со странски бандероли.
Кутија цигари во ЕУ чини неколкупати поскапо отколку во земјите од поранешниот СССР, што го прави шверцот на цигари исклучително доходовен. Романските граничари секоја година запленуваат не само автомобили и чамци, туку и мали авиони, едрилици и воздушни балони, со кои молдавските и украинските шверцери се обидуваат да внесат цигари во Романија, која е членка на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top