| четврток, 6 декември 2018 |

Грчко-бугарска средба по новата препорака од ЕК за Македонија

h_51044870Ставот на Грција е добро познат: Европската комисија ги испраќа извештаите до Советот кој е рамката во која земјите-членки на Унијата ќе ги додадат своите гледишта и ќе донесат одлуки врз основа на Копенхашките критериуми, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, по средбата со шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин, одговарајќи на новинарско прашање дали е загрижен за објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Скопје.

Како што пренесе МИА од Атина, Венизелос вели дека мора да се почитуваат принципите како што се европската култура, добрососедските односи и тогаш членките ги поддржуваат европските и евроатлантските перспективи на сите земји од Западен Балкан.

h_51044873– Секоја земја од регионот е посебен случај и како таква треба да се земе предвид. Одлуките ќе бидат донесени врз основа на критериумите што ги споменав со цел да се помогне, со добра волја, секогаш врз основа на европските закони, но и на меѓународните односи и закони – рече тој.

Вигенин, од своја страна, изјави дека во регионот се гледа позитивен развој на настаните, кој Европската комисија го препозна. Тој додаде дека прашањето за добрососедски односи е клучно прашање за секоја земја која е кандидат за членство во Европската унија.

– Добро го знаете нашиот став за Македонија. Сѐ уште преговараме за договорот за соработка и добрососедски односи и очекуваме овој процес да се забрза – истакна шефот на бугарската дипломатија.h_51044871

– Дискусиите ќе продолжат до состанокот на Европскиот совет. Сѐ уште е премногу рано да се разговара за конкретни позиции и прашања, но на маса се јасни поенти.  Сега е на Скопје да реагира на извештајот на Комисијата и на отворените прашања со соседните земји – рече Вигенин.

Буграскиот министер за надворешни работи нашата земја ја нарече „поранешна југословенска Република Македонија“ иако Бугарија е првата земја што ја призна Македонија под уставното име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top