Шпанецот сѐ уште има математички шанси за да стигне до трофејот, меѓутоа по пет последовни триумфи на германскиот бранител на тронот, малку веројатно е дека може да го запре првиот возач на Ред Бул во походот кон четвртата титула во низа.
– Мислам дека проблемот е во нашиот развој. Не се приспособивме добро на пневматиците, ниту, пак, направивме чекор напред каков што планиравме. На прв поглед имавме добар болид, меѓутоа не го докажавме ова на патеката. Ова нѐ забави, а како врв дојдоа и промените на пневматиците на Пирели. Јасно е дека дел од екипите загубија на перформансите, додека други добија. Сепак, Пирели беше принуден да го стори ова поради безбедноста и тоа не е одлука донесена за некој да профитира, друг не. Тоа беше за доброто на шампионатот и не можевме ништо да сториме тука – вели Алонсо.
Минатиот викенд тој стана нов рекордер според бројот на освоени бодови во Формула 1. Шпанецот го зазеде четвртото место на крајот од јапонското гранпри и истакна дека едноставно не можел до подобар резултат, меѓутоа и додаде оти е задоволен што Ферари го мина Мерцедес во вкупниот поредок на конструкторите.
– Искрено, мислам дека го пруживме максимумот. Дури и да тргневме од пол-позицијата, Фетел, Вебер и Грожан заслужија да бидат пред нас затоа што беа побрзи во текот на целиот викенд. Важно е дека освоивме многу бодови и оти, благодарение на „сопките“ на Мерцедес, успеавме да напредуваме. Имаме уште четири трки да се браниме и да се обидеме да ја вратиме нашата предност. Таа сега изнесува десет бода, а тоа дефинитивно не е доволно – заклучи Алонсо.
Годинашниот шампионат во Формула 1 ќе продолжи на 27 октомври со трката за Големата награда на Индија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.