| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Преговорите би придонеле за унапредување на грчко македонските односи

никола попоски„Цениме дека и овој пат Европската комисија изложи мноштво резултати, факти и аргументи за донесување на позитивна одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија на претстојниот декемвриски Самит“, истакнува министерот за надворешни работи Никола Попоски во пишаната изјава до медиумите, по објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

Според него отворањето на пристапните преговори може само да придонесе за унапредување на грчко македонските односи и за надминување на разликите. „По петгодишно исполнување на критериумите од македонска страна, попречувањето е сериозен предизвик за кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ. Ќе работиме заедно со сите наши европски партнери да поддржиме кредибилен европски проект за мир и просперитет во регионот“, оценува министерот за надворешни работи Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top