Билетите за јубилејниот мултимедијален концерт на великанот Игор Џамбазов кој ќе се одржи на 1-ви ноември во Арената „Борис Трајковски“ , се во продажба. Организаторите „Горила Продукција“и „Трансмет” јавуваат дека во зависност од распоредот на местата во арената „Борис Трајковски“, влезниците се достапни во повеќе категории и тоа:300 денари горните три реда од трибините,400 денари останатите редови од трибините,350 денари партер ,500 денари ВИП трибини, 600 денари Вип партер. Билетите можат да се набават преку продажната мрежа на Мктикетс во продажните места на Оне, Офис плус и Југотон.
Свесни дека се работи за Човек кого го сакаат ситегенерации, од „Горила“ единствено стравуваат дека и оваа сала нема да биде доволна за сите негови фанови, а очекуваат посета од над 10.000 Џамбољубители од целатадржава. Во соработка со неговиот музички гуруИгорАтанасовски – Харе, како специјални гости на концертотќе бидат макдонската поп дива Калиопи, ултра-талентираната Тамара Тодевска, обожуваната и харизматична Елена Ристеска, фамозниот Влатко Илиевски, неговите омилени Пере и Франци од групата Нокаут, Димитар Андоновски , SarahMACE, Коки, Танец, хорот на Златното Славејче под диригентската палка на маестро Александар Џамбазов, како и неговитеколеги актери, новата ѕвезда на македонскиот филм и стенд-ап комедијата Сашко Коцев, и се разбира долгогодишниот сопатник на Игор и брат помногу нешта, Тони Михајловски. Се очекува и неговиот голем пријател, учител и идол, легендата Раде Шербеџија да се вклучи на скајп.
Подготовките со бендот Гуру Харе течат одлично како и соработката со режисерот Бојан Трифуновски со кого го финализираат сценариото за кое и двајцата се во дилема и незнат што да додадат, а што да одземат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.