| четврток, 6 декември 2018 |

Манчевски пак ќе режира спот за „Арестед девелопмент“

Milco Mancevski

Милчо Манчевски во Њујорк

Македонсккиот режисер Милчо Манчевски доби покана за нов проект од водачот на групата „Арестед девелопмент“, Спич (Тод Томас), кој побара од Манчевски да го работи спотот за песната „Его“ од нивниот следен албум, кој се појавува пред Нова година, јави „Плусинфо“.

arested development tenesi

Наградениот и прв спот (Тенеси) за групата Арестед девелопмент

Соработката на Манчевски со хипхоп-групата „Арестед девелопмент“ потекнува уште од времето на нивниот прв албум. Манчевски го режираше првиот – и најуспешен – спот на групата, за песната „Тенеси“. Тој спот доби награда на „Ем-Ти-Ви“ за најдобар спот, како и награда на стручното списание од музичката индустрија „Билборд“. Манчевски доби и платинска плоча за овој спот, а легендарното списание „Ролинг стоун“ го вброи „Тенеси“ меѓу стоте најдобри музички спотови во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top