| четврток, 6 декември 2018 |

Лила го доби роденденскиот подарок што го сакаше, ама… (фото)

lila1

Македонската водителка го доби роденденскиот подарок што го посакуваше – прекрасната чанта... Кога не може скапа чанта, може торта во облик на чантата што ја сака.

Сексапилната водителка својот роденден го прославила дома, во друштво на најблиските.

– Иако денешниот ден ми беше турбо-исполнет со работни обврски, мора да признаам дека имав и слатко изненадување и весела ноќ со моите најсакани. Јас сум среќна жена затоа што покрај себе имам толку многу луѓе што ме сакаат и што ми го разубавеа роденденот, кој ќе го паметам уште долго време – ни изјави Лила, и додаде:

– Пред сѐ, си посакувам здравје, успешна година како и досега, да ми се реализира едно патување што одамна го посакувам. И имам уште една желба што нема да ја споделам со јавноста.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top