| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата Дајана била убиена поради вонбрачно дете?

Алан Пауер, авторот на книгата The Princess Diana Conspiracy, фрли нова сенка врз смртта на принцезата Дајана. Пауер тврди дека принцезата била елиминирана од тајните служби бидејќи очекувала дете од својот љубовник Доди ал Фаед. Бременоста би значела скандал за кралското семејство, па токму затоа принцезата требало да биде убиена што поскоро пред медиумите да дознаат за нејзината состојба. Според книгата доктор Елизабет Дион и сестрата Џослин Магелан кои го виделе телото на починатата принцеза забележале дека таа носи фетус кој бил помеѓу 6-тата и 10-тата недела од развојот.

Теоријата за бременоста на Дајана за прв пат се појави во 2007-ма за време на новата истрага околу смртта на принцезата, но доказите од докторката и сестрата не беа изложени на суд.

Дајана почина на 31 август 1997-ма година во сообраќајна незгода во Париз. Со неа починаа и нејзиниот љубовник Доди ал Фаед како и возачот на автомобилот за кој што сега се претпоставува дека бил убиен од британската тајна служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top