| четврток, 6 декември 2018 |

Утре не очекува облачно и врнежливо време

Времето утре во Македонија ќе биде облачно и нестабилно. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за пет до шест степени.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремен дожд и со услови за појава на грмежи. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

И во четврток ќе дува засилен северен ветер.

Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво. Се очекува раст на температурите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top