| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите од Факултетот за туризам подготвија доручек за охридските хотелиери

Претставници на охридските хотелско-угостителски објекти, локалната самоуправа како и професори од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, на денешниот работен состанок во ново-отвореното бифе при оваа високообразовна институција, имаа можност на лице место да се уверат во кулинарските способности на студентите кои им подговија заедничкиот доручек.

DSC_0058

Во новоотвореното факултетско бифе, студентите имаат ретка можност да се едуцираат околу подготовката на луксузни јадења, односно на храна која потекнува од различни краеви на светот.

DSC_0051

Во нашето мени покрај стандардната понуда, ставивме и многу поиновативни и луксузни јадења. Целта ни беше да ги едуцираме студентите, кои сега имаат можност да ја подготвуваат оваа храна. За во иднина се подготвуваме да понудиме и кетеринг услуги, но и слаткарски специјалитети, вели нивната професорка Ангела Василевска.

DSC_0029

Инаку, новото бифе при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид е отворено за сите кои покрај стандардната храна, сакаат да пробаат екслузивни специјалитети подготвени од студентите на оваа високообразовна институција по пристапни цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top