Претставници на охридските хотелско-угостителски објекти, локалната самоуправа како и професори од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, на денешниот работен состанок во ново-отвореното бифе при оваа високообразовна институција, имаа можност на лице место да се уверат во кулинарските способности на студентите кои им подговија заедничкиот доручек.

Во новоотвореното факултетско бифе, студентите имаат ретка можност да се едуцираат околу подготовката на луксузни јадења, односно на храна која потекнува од различни краеви на светот.

Во нашето мени покрај стандардната понуда, ставивме и многу поиновативни и луксузни јадења. Целта ни беше да ги едуцираме студентите, кои сега имаат можност да ја подготвуваат оваа храна. За во иднина се подготвуваме да понудиме и кетеринг услуги, но и слаткарски специјалитети, вели нивната професорка Ангела Василевска.

Инаку, новото бифе при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид е отворено за сите кои покрај стандардната храна, сакаат да пробаат екслузивни специјалитети подготвени од студентите на оваа високообразовна институција по пристапни цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


