| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски и Заев се скарале

-1-e13576827565081111Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, мистериозно исчезнал за време на паузата на завчерашниот мини конгрес на најголемата опозициска партија во земјава, дознава Нетпрес од партиски извори.

Според информациите на новинската агенција, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски на состанокот побарал пауза и се повлекол во својот партиски кабинет. Но, таму не бил сам, туку го повикал и потпретседателот Заев.

Изворите на Нетпрес велат дека Црвенковски на својот сопартиец му одржал лекција бидејќи пред да почне состанокот, добил информации дека општинските ограноци од Куманово и од Струмица не сакаат да ја поддржат идејата за бојкот на претстојните локални избори во земјава, и жестоко се спротиставиле на оваа партиска одлука.

Партиски извори од СДСМ за Нетпрес велат дека Црвенковски бил толку жесток во монологот со Заев, што дури и го потсетил и на неговата аболицијата за случајот „Глобал“, па и дека слични работи може повторно да се случат.

Oткако паузата завршила, Заев од партискиот кабинет на Црвенковски влегол во салата и веднаш зел збор. Во своето обраќање до присутните тој почнал жестоко да ја брани одлуката за бојкот на изборите и потенцирал дека иако тој лично е оној кој најмногу ќе изгуби од ваквиот став на партијата, сепак рекол дека го поддржува бојкотот. Откако завршил со својот говор, нашите извори од СДСМ додаваат дека со наведната глава си седнал на своето место и не изустил ни збор до крајот на состанокот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top