
Холандската фирма „Van Puijenbroek Textiel“ утре свечено ќе го означи отворањето на својата нова фабрика за производство на работна и заштитна облека „Витекс Македонија“, со седиште во општина Илинден.
Компанијата е лидер на меѓународниот пазар за професионална индустриска и заштитна облека од висококвалитетни материјали со традиција долга речиси 150 години.
„Витекс Македонија“, чија инвестиција е зочната точно пред една година, ќе стартува со 50 вработени. Оваа бројка се очекува да достигне 100 од следниот месец кога ќе се воведе втора производствена линија, како и трета линија која ќе следи во првиот квартал на 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


