| четврток, 6 декември 2018 |

Спречено изнесување на 25.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Богородица вчера спречија обид за нелегално изнесување на 25.000 евра.

devizi2

Околу 22 часот на граничниот премин Богородица за излез од Република Македонија се пријавило лице со македонско државјанство, возач на празно товарно моторно возило-ладилник, сопственост на фирма од Арачиново. Возилото и возачот биле селектирани за детална контрола.

devizi4

При личен претрес на возачот, во внатрешниот џеб од јакната пронајдени се 13.000 евра, а помеѓу панталоните и појасот, пронајден е уште еден пакет со 12.000 евра, т.е вкупно 25 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top