| четврток, 6 декември 2018 |

Ја напуштил цивилизацијата и живее како хобит

Дан Прајс пред 20 години имал доброплатена работа и фамилија, но еден ден решил сѐ да промени и да ја напушти цивилизацијата.

Денес живее во куќичка која личи на оние на хобитите и вели дека никогаш не бил пресреќен.

– Кога сте подготвени од животот да го отфрлите материјалното и да живеете со многу малку, тогаш ќе добиете многу – вели Прајс.

Прајс пред 20 години работел како фоторепортер и ги издржувал сопругата и двете деца, но сето тоа се променило кога во 1974 година ја прочитал книгата „Payne Hollow“, која го натерала да се врати на примитивниот живот.

– Не верувам во куќи и хипотеки. Зошто некој при здрава свест би го поминал животот плаќајки за куќа во која едвај поминува време бидејќи нонстоп работи – додаде Прајс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top