Станувањето од топол кревет во зимските утра е многу потешко, но постои и решение.
Резултатите на истражувањата на Универзитетот во Торонто покажале дека ранобудниците имаат попозитивен став за нивниот живот отколку тие што сакаат да спијат подолго.
Едно од објаснувањата е тоа бидејќи ранобудниците подолго време се изложени на дневна светлина, која создава серонтин, кој е познат и како хормон за среќа.
Ако сте ноќна птица за вас постојат три безболни начини како да станете порано и да бидете расположени цел ден.
– Станете десет минути порано, вашето тело ќе се навикне на таа промена по неколку дена
– Потрудете се да станувате и преку викендите во приближно време како и преку неделата
– Појадувајте покрај прозорец, а би било добро и пешки да отиде до работното место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.