
Актуелната мис на Македонија, Кристина Спасеноска, по враќањето од светскиот избор на убавина на Бали, се сврши со своето момче Никола Вукасовиќ, српски кошаркар кој игра за КК Пелистер, пишува весникот „Вест“.
Ако одењето на Бали за Кристина е неуспех, свршувачката со Никола, со кого седум месеци е во врска, е најубавото нешто што досега ѝ се случило.
– Очекував дека ќе ме побара за жена, но не очекував сега. Но, ваквата голема љубов мораше да добие круна. За мене, љубовта е најцврстиот столб во семејството, а ние двајцата ја имаме во изобилство. Не очекував дека на 20 години ќе го запознаам човекот на мојот живот. А, кога го запознав, не ми требаше многу за да го сфатам тоа. Никола е зрел, интелигентен, духовит и секогаш е позитивен. Знае да ги почитува вредностите и тоа најмногу ми се допаѓа кај него. За свадба е рано бидејќи се договоривме дека прво ќе го завршам факултетот, да го остварам она што си го ветив себеси, а и на мојот покоен татко. Но, се подразбира, по завршување на факултетот, ќе живееме во Србија – вели Кристина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


