| четврток, 6 декември 2018 |

Нема повеќе кино за Мадона

Мадона со години крши табуа, а со тоа на себе си навлекуваше секаков вид на забрани, последната што ја заработи е поради пишување смс.

Како што пишува магазинот „The Entertainment Weekly“, за време на премиерната проекција на филмот „Дванаесет години ропство” (12 Years a Slave) во њујоршкото кино „Walter Reade”, минатата седмица, Мадона постојано испраќала смс-пораки од својот телефон. На забелешката од една гледачка, пејачката одговорила дека го користи телефонот за деловни цели, а самата жена ја нарекла „робовладетелка”.

Откако се појави оваа сторија во американските медиуми, сопственикот на кино салите „Alamo Drafthouse Cinema”, Тим Лиг на својот профил на Twitter објави дека „Сé додека Мадона не им се извини на поклониците на филмот, нејзе и’ е забрането да гледа филмови во кината (од синџирот на „Alamo Drafthouse Cinema”)”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top