Во една британска анкета дури 63 проценти од анкетираните рекле дека нема да можат да го познаат соседот, а повеќе од половина не им го знаат ниту името ниту знаат што работи.
Новата анкета покажува дека повеќе од третина нема да ги познаат соседите доколку се сретнат на улица, без разлика што живеат блиску.
Со оглед на тоа што со некои соседи ве делат неколку метра, 51 процент од испитаниците нема да се сетат на името, а 70 проценти не им го знаат презимето.
Анкетата спроведена на две илјади испитаници, открива дека поголемиот број не знаат колку долго нивните соседи живеат таму.
Ова докажува дека се помалку време поминуваме во комуникација лице в лице, односно дека сме внимателни со новодојдените соседи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.