Популарниот актер Хју Џекмен го прослави својот 45. роденден во присуство на 4.500 гости, кои морале да платат за да присуствуваат на забавата организирана во холивудскиот „Долби театар“.
Џекмен на роденденската прослава пеел, играл и раскажувал приказни и притоа собрал 1,85 милиони долари за Фондот на подвижни слики и телевизија.
-Ово е најверојатно најнарцисоидниот начин да се прослави роденден. Ги одбрав моите омилени песни и раскажував приказни за животот- вели Џекмен.
Говорел за неговото семејство, ѝ пеел на сопругата и претставил музика од родната Австралија.
-Да бидеш тука вечерва и да го поддржиш овој чин е прекрасно. Да се трудев не би нашол подарежливи луѓе. Ова е нешто што го сакам и сакам да го работам – додаде познатиот глумец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.