| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларни моменти на небото на 28 ноември

kometa1

Во текот на наредниот месец постои огромна веројатност дека ќе бидеме сведоци на кометата на векот. Кометата, која е на пат кон Сонцето, покажува добри знаци дека ќе донесе спектакуларни моменти на небото. Кометата, која го возбуди астронoмскиот свет, беше откриена од страна на двајца руски астрономи Артиом Новичонок и Виталиј Невски на 21 септември 2012 година. Двајцата астрономи се дел од Интернационалната научна оптичка мрежа (International Scientific Optical Network- ISON), по која е именувана и самата комета ИСОН С/2012 Ѕ1.

kometa

На самото откривање кометата имала сјај со магнитуда +18 (најбледата ѕвезда која може да се види со голо око има магнитуда +7, а полна месечина има магнитуда на сјај -13), што значи дека ИСОН имала магнитуда 25.000 пати помала од магнитуда 7. Кога беше забележана кометата беше оддалечена од Сонцето околу 6 АU (астрономска единица за дистанца, 1 АU = средна дистанца меѓу Земјата и Сонцето). Кометата е со дијаметар околу 4,5 км, и е составена од прав, карпи и мраз. Средната брзина на ИСОН во октомври е околу 126.000 км/ч, а во моментот на кога ќе биде најблиску до Сонцето (28 ноември 2013) ќе има брзина околу неверојатни 1.360.000 км/ч. Во моментот кога ќе биде најблиску до Сонцето, ИСОН ќе биде оддалечен од него само 3 соларни радиуси, односно околу 1.170.000 км, што во астрономски размери е премногу блиску.

Повеќе на Метеопро

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top