| четврток, 6 декември 2018 |

Филмската приколка на Вил Смит од 2,5 милиони долари (видео)

Актерот Вил Смит навистина знае како да се одмори помеѓу снимањето на сцените, па поради тоа си купи луксузна приколка која вреди 2,5 милиони долари.

Во приколката „The Heat“ има купатило од 20 илјади долари, соба за прикажување филмови со екран од 100 инча, кожен плафон вреден 30 илјади како и мебел и голем број на телевизори.

Приколката е составена од два спрата кои се креваат и спуштаат во зависност од потребата. На првиот спрат се наоѓа кујната, шминкерницата и купатилото, а на вториот е спалната соба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top