Два самоубиствени напада се извршени вчеравечер во центарот на главниот град на Сирија во близина на државната телевизија.
Според агенцијата САНА, двајцата бомбаши-самоубијци се разнеле на влезот на плоштадот Омајади во центарот на градот. Од експлозијата е оштетена оградата на државната телевизија, додека објектот не претрпел штета.
Министерот за информации на Сирија во телевизиско обраќање потврдил дека во нападите немало жртви и дека сите вработени во телевизијата се добро.
Нападот следувал непосредно откако бунтовниците објавиле видеоснимка на „Јутјуб“ во која најавиле дека телевизијата е меѓу следните цели на нивните акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.