| четврток, 6 декември 2018 |

Почеток на археолошките истражувања во Љубаништа

subrata-1

Започнуваат археолошките истражувања на Љубанишко Поле, каде индискиот мултимилјардер Субрата Рој ќе гради супер луксузен комплекс.

Истражувањата се неопходни за изготвување на урбанистичко-планската документација за изградба на туристичката развојна зона.

Митрополитот дебарско-кичевски Владиката Тимотеј вели дека ги одобрува археолошките иследувања, бидејќи тие се од интерес на нашата земја.

– Субрата што ќе гради тоа е друго прашање. Јас зборувам за археолошките иследувања, тие се знаат точно каде се. Тоа не се наоѓа на простор на црковен имот. Црковен имот од реката Черава и лево и десно се до албанската граница е манастирски имот – вели Тимотеј.

Според Завод и музеј, археолозите ќе истражуваат два археолошки локалитети. “Раица” во близина на авто кампот Љубаништа, каде постојат податоци дека има ранохристијанска црква и источниот дел од манастирскиот комплекс “Свети Наум”, каде што има евидентирани остатоци од средновековната црква “Света Богородица”.

Од локалната самоуправа велат истражувањата нема да ја попречат реализацијата на проектот “Сахарајан Македонија”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top