| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Продажба на билети за спортски натпревари со документ за лична идентификација

navivaci-5Неопходно да се изврши дефинирање на посебните услови кои треба да се исполнат при одржување на спортските натпревари, да се направат одредени интервенции на спортските објекти како и просторот околу нив за зголемување на безбедноста на посетителите – смета министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Според неа, врз база на англиските, италијанските и хрватските искуства, МВР ќе превземе обврска за изменување и дополнува на Законот за спречување на насилство на спортските натпревари.

-Измените ќе имаат цел да се создаде правна обврска на организаторот на сопортскиот напревар за контролирана продажба на билети што подразбира пред продажба на билетите да се направи координација со МВР – вели министерката.

Законот би требало да предвиди и создаде обврска за продажба на билет со документ за лична идентификација за точно да се знае кој каде седел и каде се наоѓал додека имало некој инцидент.

– Со оглед на фактот дека сегашниот Закон не го третира прашањето за влез на лице под дејство на алкохол или козумира алкохол два часа пред натпреварот, истото треба да биде регулирано со цел полицијата да може во рамките на своите законски овластувања да го спречи лицето под дејство на алкохол да влезе во спортскиот објект, рече Јанкулоска.

Министерката нагласи дека во Македонија е евидентна појавата на насилно однесување на навивачките групи: – Годишно, просечно регистрираме околу 17 инциденти. Во овој период инциденти се регистрирани на 81 натпревар а гледано според географските подрачја 61 отсто се случиле во Скопје и Тетово. 67 проценти од инцидентите  се случуваат на фудбалски натпревари а најчесто се случуваат на фудбалските натпревари каде што играат „Вардар“, „Тетекс“ и „Шкендија“ и 25 отсто на кошаркарските натпревари каде начести инциденти има на меѓусебните натпревари на „Работнички Фершпед“, „МЗТ“ и „Фени Индустри“ од Кавадарци, истакна Јанкулоска.

При инцидентите кои настанале на спортските натпревари, повредени се 69 полицајци, оштетени 13 полициски возила, 50 цивилни и 11 автобуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top