Во Нов Зеланд ќе се лансира нов бренд за вода кој што ќе биде наменет само за кучињата. Водата ќе биде со вкус на говедско, пилешко, минт и путер од кикиритки.
Водата ќе може да се конзумира во хотели, ресторани и кафе барови. За да не бидат дискриминирани вашите миленици.
Овој производ ќе се вика K9H20 и сопствениците се убедени дека ќе се продава исто толку добро како и водата за луѓето. Едно шише од оваа вода ќе чини 4.45 долари за половина литар и ќе се продава во: продавници, маркети, продавници за домашни миленици.
Според податоците на властите во оваа земја повеќе од 50 проценти од жителите имаат домашни миленици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.