Две групи насилници се степале пред угостителскиот објект “Бејби Блу“ во Гостивар. По пријава за нарушен јавен ред и мир, полицајците пристигнале пред објектот, каде сообраќајот бил блокиран од страна на поголема група граѓани. Возило марка „Форд Мондео“ со гостиварски регистерски ознаки било оштетено. Откако полицајците се обиделе да превземат мерки, 28-годишниот Е.М.и 31-годишниот З.З. се стрчале кон кружниот тек и не ја послушале наредбата на полицијата да застанат. Веднаш по нив се упатиле и 31-годишниотИ.Д.и 34-годишниот Д.Д., при што настанала тепачка. Бидејќи полицајците не успеале да воспостават ред, едниот од нив од службениот пиштол испукал три предупредувачки куршуми во воздух.
По приведувањето иразговорите со лицата е констатирано дека тие започнале расправија која потоа кулминирала и со тепачка поради предност во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Се испотепаа ученици во Македонија
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност


