– Основната причина да дојдеме во Mакедонија беше развивање на нашите капацитети во Европа. Иницјално прво баравме развивање на компанијата во Европа. Имаме три дивизии на фабрики, една во Северна Америка, една во Европа и една во Азија. Ни требаше екстра капацитет во Европа, имавме потреба да изградиме нова фабрика. Гледавме неколку места во Источна Европа, бидејќи веќе имавме некои планови во Белгија, Велика Британија и Германија, па ни требаше ново место за нашиот план. Мислам дека еден од главните критериуми што ние го баравме е близината до аеродромот.Да се биде во индустриска зона што е блиску до аеродром е многу важно. Исто да се биде блиску до голем пазар на труд како на пример Скопје како главен град е важен критериум за нас. Исто така важно е да се има слободно змејиште за градење, бидејќи секаде каде сме изградиле фабрика немало доволно голем простор, па фабриката сме ја граделе далеку а тука добивме голема парцела. Плус предностите со даноците и другите услови и на крај ја разгледавме и логистиката бидејќи таа е најважна за нашиот бизнис. Сето ова добро го анализиравме и ја донесовме одлуката – вели Џатин Такрар генерален директор на Џонсон Мети, фабриката која произведува автокатализатори и која минатата година отвори уште еден капацитет во Бунарџик, во интервју за Економски.мк .
Исто така, Такрар додава и дека според нив е голем успех тоа што се присутни во Македонија и што тука има млада работна сила која е желна да го проширува своето знаење.
– Гледајќи ги во иднина плановите за експанзија ги подигнавме критериумите на повисоко ниво. Ако ги демонстрираме новите планови за експанзија сигурно тоа повторно би било Македонија, вели Такрар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.