| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Јанева победник на „Макфест“, „Готово е“ на Тамара најслушана меѓу двата фестивала

„Врати ми го сонцето“ е композицијата која вечерва доби најмногу гласови од публиката во салата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Наградата и беше врачена на младата Александра Јанева, која имаше одличен настап на 28. издание на Макфест. Таа се закити со плакета и 60 000 илјади денари.

Втората позиција, плакета и 45 000 илјади денари, ја зазема Марија Бунда за композицијата „Не ме познаваш“, додека третото – плакета и 30 000 илјади денари му припадна на Мартинијан Кириловски со „Како да те украдам“.

Александар Масевски ја зема наградата за најдобар аранжман  „Драган Ѓаконовски – Шпато“  за композицијата „Крај“. Доделена е и наградата за најдобар текст, во износ од 9 000 илјади денари, а во овој случај текстот на Огнен Неделковски. Наградата за најуспешен дебитант е доделена на нашиот сограѓанин Панче Илиев.
Наградата за најслушана песна помеѓу два фестивала ја зема Роберт Билбилов, со песната изведена од Тамара Тодевска или „Готово е “, додека за најуспешна вокална интерпретација ја прогласија Александра Јаневска.

Галерија од овогодинешниот Макфест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top