| четврток, 6 декември 2018 |

Си ја заборавил сопругата на автопат – по два часа забележал дека ја нема

razocarana nevesta

Само што стапнал на лудиот камен а веќе направил кобна брачна грешка – ја заборавил сопругата на бензиска станица на автопат. Несреќниот Германец дури по два часа возење сфатил дека во автомобилот ја нема неговата тазе сопруга, која паузата ја искористила да оди до тоалет.

-Мојата прва реакција беше: Дали е нормален? Бев без пари и без телефон – објаснува таа.

Нејзиниот сопруг, со кого тргнала на свадбено патување мислел дека сопругата цврсто спие на задното седиште. Кога по поминати 200 километри сфатил дека ја нема, отишол да го пријави нејзиното исчезнување, а „напуштената“ сопруга веќе имала контактирано со полицијата.

Новопечените сопружници повторно се нашле, по дури пет часа на истата бензиска пумпа.

-Не сум лута на него, немал лоши намери – рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top