| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Марија, тест возачка на формула 1

Поранешната тест-возачка во Формула 1, Марија де Вилота, утрово била пронајдена мртва во хотелска соба во Севилја

de vilota golema

33-годишната возачка од Шпанија се здоби со сериозни повреди за време на едно тестирање во Британија минатиот јули, кога со болидот налета на камион што се движеше кон пит-стопот. Од тој судир Де Вилота го загуби десното око, а врз неа мораа да бидат извршени и уште неколку хируршки зафати.

Иако навидум делуваше храбро и во изминатиот период се појавуваше на голем број спортски манифестации ширум Шпанија, сега веќе е очигледно дека таа не можеше да го преброди големиот инцидент, кој значеше и крај не нејзиниот сон еден ден да стане и професионален возач во Формула 1. Полицијата обелодени дека не пронашла траги од насилство, наведувајќи дека таа „најверојатно починала од природна смрт“.

„Драги пријатели, Марија си замина. Таа замина во рајот заедно со сите останати ангели. Му благодариме на Бога за оваа дополнителна година и пол што ја имавме заедно“ – се вели во пораката на семејството на Марија де Вилота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top