| четврток, 6 декември 2018 |

На Клосе не му се оди од Лацио

Германскиот фудбалски интернационалец Мирослав Клосе, изјави дека има желба да професионално да настапува уште најмалку две години во Лацио

Miroslav-Klose_2822375

Напаѓачот наведува дека по завршувањето на тековната сезона, кога ќе го одработи договорот со калчолигашот од Олимпико, ќе одлучи дали ќе остане во Рим.

„Со оглед на тоа како сега се чувствувам, сигурен сум дека ќе играм уште две години. Сепак, за ова ќе одлучувам од година, на година. Сакам прво да видам како ќе изгледа оваа сезона“, вели искусниот Клосе во изјавата за медиумите од својата земја.

Инаку, во редовите на Лацио пристигна пред две години од Баерн Минхен, а за „небсносините“ досега одиграл вкупно 75 натпревари, на кои постигнал 32 погодока.

„Договорот во Рим ми истекува во јуни следната година. Тогаш следува Мундијалот во Бразил, па ќе видам што ќе правам. Одлуката, како и секогаш, ќе ја донесам спонтано“, додава Клосе.

Германскиот репрезентативец додава дека му е мило што и на оваа возраст може да држи чекор со младите.

Мирослав Клосе во досегашната кариера запишал 130 настапи во дресот на германската фудбалска селекција, а на споменатите средби успеал да реализира вкупно 68 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top