Казната се однесува на натпреварот од 1.коло против Унион Олимпија одигран во Скопје на 4 октомври, на кој навивачите на МЗТ Скопје користеа пиротехнички средства.
Доколку, ваквите ситуации се повторат на било кој од наредните натпревари, клубот одново ќе биде казнет парично, но и секој следен натпревар на домашен терен ќе го игра пред празни трибини, односно без присуство на публика.
Ценејќи дека публиката е „шести играч„ на тимот од Аеродром, од клубот апелираат до своите симпатизер за фер и коректно навивање, како што впрочем тоа беше случај на натпреварите одиграни минатата сезона.
МЗТ Скопје Аеродром, веќе во сабота од 19 часот во СЦ Борис Трајковски, против Будуќност ќе го одиграат натпреварот од 3.коло во регионалната АБА лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.