| четврток, 6 декември 2018 |

Без Шиповиќ, СДСМ нема власт во општина Центар

opstina centar

Доколку претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кого полицијата го бара за аферата „Машинопромет“ не се врати од САД, СДСМ не може да ја ефектуира власта во Општина Центар. Во согласност со Законот за локална самоуправа, нема начин Шиповиќ да биде сменет од советничката функција без негово лично присуство, па оттука паѓа мнозинството на СДСМ кои во Советот на Општина Центар имаа еден советник повеќе.
За да биде сменет, Шиповиќ треба лично да поднесе оставка и на негово место да дојде следниот советник од листата на СДСМ. Но, за тоа Шиповиќ треба да се врати од САД, каде што, според неофицијалните информации, е во посета на својот син.
Следната опција е мнозинството во Советот на Општина Центар по 3 неоправдани отсуства на седниците на Советот да му стави крај на неговиот мандат, но тука проблем е што СДСМ без Шиповиќ во Советот нема мнозинство.
Постои опција Шиповиќ да го загуби мандатот доколку биде осуден на затворска казна подолга од 6 месеци.
Сѐ до враќањето на Шиповиќ во земјава, Општина Центар ќе биде во ситуација во која ниту една партија нема да има мнозинство, што значи дека одлуките ќе мора да се носат во договор меѓу двете најголеми политички партии во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top