| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстранти ја прекинаа посетата на ФИФА во Бразил

Група демонстранти денеска ја прекина посетата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во бразилскиот град Кујаби, додека го разгледуваа градењето на стадионот за Светското првенство во 2014 година.

Десетина демонстранти, незадоволни од социјалната програма во најголемата јужноамериканска држава, бараа да издвојат повеќе за здравството и за образованието, носејќи транспаренти „ФИФА оди си дома“.

Некои од нив се обидоа да ја прекинат прес-конференцијата на генералниот секретар Жером Валке, но по интервенцијата на обезбедувањето, пресот продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top