| четврток, 6 декември 2018 |

Инкасант на ЕВН претепан во Гостиварско

крадци струјаТатко и двајца синови во Гостиварско се осомничени за физички напад врз вработен во ЕВН Македонија. Како што информираат од полицијата во Тетово, педесет и шестгодишниот инкасант влегол во дворот на куќата на А. Н. (56) во селото Долна Бањица, Гостиварско за да ги отчита податоците од електрично броило, но бил попречуван од синот на сопственикот.
Набрзо почнала расправија по што двајца синови со тупаници и клоци го удирале по телото. Во нападот, на синовите им се приклучил и таткото.
Повредениот инкасант случајот го пријавил во полиција, по што тројцата биле повикани на разговор за расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top