Татко и двајца синови во Гостиварско се осомничени за физички напад врз вработен во ЕВН Македонија. Како што информираат од полицијата во Тетово, педесет и шестгодишниот инкасант влегол во дворот на куќата на А. Н. (56) во селото Долна Бањица, Гостиварско за да ги отчита податоците од електрично броило, но бил попречуван од синот на сопственикот.
Набрзо почнала расправија по што двајца синови со тупаници и клоци го удирале по телото. Во нападот, на синовите им се приклучил и таткото.
Повредениот инкасант случајот го пријавил во полиција, по што тројцата биле повикани на разговор за расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Драма во студентскиот дом „Стив Наумов“: Претепани се две лица