| четврток, 6 декември 2018 |

Фотогалерија: Албанец сокрил 5 килограми хероин во воздушното перниче

Heroin Tabanovce

На граничниот премин „Табановце“ синоќа мобилните царински екипи спречија обид за шверц на 5,5 килограми хероин, соопшти Царинска управа.

Вчера во 18.20 часот на граничниот премин „Табановце“ за излез од Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка „ровер 75“ со албански регистарски ознаки управувано од албански државјанин, а како совозач во возилото било присутно уште едно лице кое поседува албанско и грчко државјанство.

Picture 013

На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска конторла, одговориле негативно, по што е пристапено кон детална контрола на возилото.
При контролата со помош на фиберскоп на предната маска во левиот отвор од вентилацијата е утврдено дека каналите од вентилацијата и просторот кај сигурносното перниче (airbag) се преправани што веднаш даде индикации за можна сокриена стока во овој простор. По вклучување на вентилацијата, забележано е дека на левата страна пропушта помалку воздух.

Picture 006

Во просторот на сигурносното перниче во фабричка шуплина, која била специјално приспособена за криење стока, се пронајдени 11 пакувања обвиткани со самолеплива трака наполенти со непозната кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 5,5 килограми. По извршено тестирање со тестери за дрога утврдено е дека се работи за хероин.

Во текот на спроведената предистражна постапка осомиченичените изјавиле дека неколку дена пред критичниот ден од лице државјанин на Р. Албанија по претходен договор набавиле 11 пакетчиња-хероин кои во просек тежат околу 500 грама. Осомничениот, со професија автомеханичар, ги искористил фабричките шуплини од возилото на пределот кај воздушното перниче каде и ги сокрил сите 11 пакетчиња хероин. Намерата им била дрогата да ја пренесат до Белград, Р.Србија.

Од истрагата е добиено сознание дека двајцата осомничени во период од еден месец, колку што го имаат возилото, два пати го искористиле за пренесување дрога во Италија и во Хрватска.

Picture 005

Хероинот е со голема чистина и со одличен квалитет и во големопродажба на наркопазарите во Европа достигнува цена 180.000 евра, додека на мало би можела да достигне и сума од 300.000 евра.
Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори до надлежното Основно јавно обвинителство во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top