Панчо и Андреј од аренби-дуото ДНК вчера одржаа уште еден успешен настап на сцена заедно со својот бенд, но овој пат за потребите на снимањето на видеоприказната за нивниот голем хит „Што сака нека биде“.
Студиото на „Томато продукција“, која беше задолжена за снимање и на овој спот на ДНК, беше локацијата на одржување на „свирката“ на која на момците друштво им правеа многу статисти.
Новиот видеозапис ќе изобилува со многу сцени и кадри несекојдневни за Панчо и Андреј и ќе биде промовиран за две недели, а ДНК до крајот на годинава најавува снимање на спот и за темата „Опуштено“.
Лазар Цветкоски е автор на музиката и аранжманот, а Магдалена Цветкоска и Панчо го напишаа текстот за „Што сака нека биде“, која стана голем хит на радиостаниците веднаш по излегувањето на албумот „Срце“, којшто ДНК го промовираше во мај оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.