| четврток, 6 декември 2018 |

Се одбира најдобра фотографија од „Пастрмајлијада 2013“

„Пастрмајлијада 2013“ и Општина Штип ќе одбираат најдобра аматерска фотографија, направена во текот на манифестацијата  во периодот од 10 до 13 октомври 2013 година.

Во конкурсот, кој е објавен денес, е  наведено дека фотографиите треба да бидат направени на локацијата каде што ќе се одржува „Пастрмајлијада 2013“. Тие треба да  бидат направени во колор и да бидат тематски поврзани со марката „штипска пастрмалија“ или природни/ненаместени кадри од манифестацијата.

Секој апликант може да конкурира само со по една фотографија.

Фотографиите треба да се достават најдоцна до 18.10.2013 година во електронска форма на цеде до архивата на Општина Штип.

Најдобрата фотографија ќе биде избрана од комисија, формирана од претставници од Здружението и од Општината.

ЗГ „Пастрмајлијада 2013“ – Штип и Општина Штип го задржуваат правото на користење на сите пристигнати фотографии, притоа истакнувајќи го името на авторот на десниот долен агол од фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top