| четврток, 6 декември 2018 |

Итно да им се покаже на Севернокорејците како се користи „фотошоп“

Откако владата на Северна Кореа објави фотографија од Ким Јонг Ун на отворање на детска болница во Пјонгјанг, друштвените мрежи полудеа од најновата грешка направена во „фотошоп“.

Сите државни медиуми ја споделија фотографијата, која, очигледно, е резултат на аматерска работа на популарната програма за корекција на фотографија.

На многумина им привлече внимание аматерски обработената фотографија на која луѓето изгледаат како да се вметнати во заднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top