
МЗТ Скопје – Аеродром загуби на гостувањето кај Шолнок. Македонскиот тим беше надигран, а мечот од 2.коло на регионалната АБА лига заврши со резултат 81:69.
Момците од македонскиот тим стартуваа добро и добија првиот период со поен разлика (16:15). но во втората четвртина постигнаа само осум поени, наспроти 20 на противникот. На полувремето МЗТ Скопје замина со 11 поени негатива.
Третата четвртинаШолнок ја доби со 20:16. Иако последниот период беше во полза на металурците (29.26) сепак тоа не беше доволно да се избегне првиот пораз со конечни 81:69.
Најефикасен на натпреварот беше Американецот, Ворен кој реализира 17 поени за Шолнок, додека Дамјан Стојановски со 14 поени беше најпрецизен во редовите на МЗТ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


