| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ денеска наполни 35 години

Darko-Stanic-3

Голманот на Металург и на српската репрезентација, Дарко Станиќ, денеска полни 35 години. Тој роденденот ќе го прослави на тренинг, по што не е исклучено вечерва со пријателите во Македонија да прослави во некој од скопските локали. Вели, среќен е кога некој ќе се сети на неговиот роденден и многу му значи тоа, од причина што тој никогаш не памти датуми на раѓање.

-Дури и мојот роденден го заборавам – се смее тој.

Со оглед на годините, на Станиќ се приближува до крајот на својата кариера. Неодамна на прашањето што би правел по пензионирање изјави:

-Сега сум веќе на залезот од мојата кариера, па треба сериозно да размислувам што ќе работам после пензионирањето. Јас сум Црногорец, ме влечат гените, а сите Црногорци бараат некоја директорска фотелја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top