Осомничениот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, денеска во своја одбрана на судското рочиште во Скопје изјавил дека ископувањата кај Делчево и во близина на Велес биле спроведени според сите закони, негирајќи го обвинението дека ја злоупотребил службената положба.
Државата ќе имаше голем ќар, вели Кузман, ако успеале да го најдат златото за кое се сметало дека е закопано на местата за кои се сомничи поранешниот директор дека вршел незаконски ископувања.
– Мојата најискрена мотивација при реализација на овој потфат, а верувам дека тоа беше мотивација и на целата Управа во случај да биде откриено скриеното богатство Управата да се здобие со богатството, односно се обидувавме да придонесеме за нашата држава – ја пренесува порталот „Телеграф“ изјавата на Кузман, кој одговори и на обвинувањата дека за ископувањата била користена полициска асистенција за која немало испорачана сметка, на што Кузман вели дека Управата исплатила три милиони.
Освен осомничениот Паско Кузман, денеска во кривичниот суд во Скопје изјави дале и другите обвинети во случајот „Фаланга 2“. Тројца од обвинетите се осомничени и за кражба на артефакти. За двајцата обвинети, српски државјани, кои се во бегство, ќе има посебно судење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.