Американскиот пејач Крис Браун во интервју за британскиот весник „Гардијан“ изјави дека многу рано ја загубил невиноста.
Дваесет и четиригодишниот пејач се отвори за неговиот сексуален живот, па откри дека првиот секс го имал на осум години, а, пак, девојката имала 14 години.
– Јас пораснав на село, а таму работите се поинакви отколку во град. Уште како мал имав пристап до порнографија. Не се плашевме од девојките, слободно им приоѓавме и многу рано почнавме да експериментираме кога станува збор за секс – рече Браун.
Крис не пропушти за да се пофали дека жените што биле со него в кревет немаат никаква забелешка на квалитетот и на акцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.