Двајца повредени со лопата е епилогот на големата тепачка која вчеравечер избила во струшкото село Горно Татеши, информира МВР.
Според полицискиот билтен, вчера околу 19 часот во селото избила тепачка меѓу П.А. и неговите тројца синови, од една страна, и И.М. и неговите братучеди Д.М. и Џ.М. од друга страна.
Во тепачката еден од поголемата група со лопата го удрил неколкупати Џ.М. и му нанел повреди. Тоа се обидел да го спречи неговиот братучед, меѓутоа и тој бил нападнат. Завршил со тешки телесни повреди и е пренесен во Медицинскиот центар во Струга, каде што завршил и полесноповредениот, информира полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.