| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Србија е пред банкрот

Александар Вучиќ, потпретседателот на Владата на Србија денеска најави намалување на платите во јавниот сектор, со што како што тој вели ќе се заштедат меѓу 200 и 230 милиони евра, а пензиите ќе бидат покачени.

Пензиите нема да ги намалуваме, но ќе има намалувања на платите во јавниот сектор. Приватниот сектор што ја влече државата напред не може тоа да го издржи. Неможно е во приватниот сектор просечната плата да биде 34.000 динари, а во државниот 47.000 динари. Тоа го нема во ниту една држава во светот-, изјави тој за телевизијата Прва.

Вучиќ нагласи дека државата е пред банкрот во вистинска смисла и најави дека мерките за економско опоравување ќе бидат многу тешки, а овие мерки ќе погодат од 300 до 500 илјади луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top