Позната е причината за нашето отсуство. Станува збор за неприфаќање на нашата света црква, но фактите говорат дека ние постоиме. Очигледна е и иднината на нашата света црква, зашто охридската архиепископија е вековна црква, мајка на повеќе цркви, а денес таа не е прифатена“- рече Г.Г. Стефан.

Поглаварот смета дека решението за ваквите состојби е поврзано со спорот за името.

-Верувам дека кога ќе се надмина спорот што го има Република Грција со името на Република Македонија верувам дека тоа наскоро ќе се случи, а ако се изнајде добра волја тоа може да биде и пред тоа- вели Г.Г.Стефан.

Митрополитот Петар нагласува дека од прославата во Ниш е отсутна и романската православна црква.

-Немојте да мислите дека само ние не сме присутни. Не е присутна и романската православна црква која е на седмо место по каталогот на црквите. Зошто е тоа така треба да се прашаат сите помесни цркви зашто всушност нешто не е во ред со православието -вели Митрополитот Петар